Грчката полиција привела неколку десетина граѓани кои се обиделе да ја заземат канцеларијата на министерството за поморска трговија во знак на протест поради потонатите чамци со мигранти.
Полицијата соопшти дека во текот на протестот пред канцеларијата на Министерството за поморска трговија во центарот на Атина привела повеќе од 40 лица, кои не се официјално уапсени.
Се претпоставува дека 12 лица, од кои повеќето биле деца, загинале откако во Егејското море потонал чамец кој што нелегално превезувал лица од Турција за Грција.
Досега се пронајдени телата само на две лица.
Грчките власти спровеле истрага бидејќи се појавија обвиненија дека екипажот на пловните објекти на крајбрежната стража не ја спровеле акцијата за спасување на местото на несреќата.