Кошаркарите на Атланта Хокс го изрманија соодносот во победи на 2-2 во финалното доигрувања на Источната конференција во НБА лигата со убедливата победа од 110:88 на домашен паркет против Милвоки Бакс во серијата до четири победи.
Тимот на Атланта непосредно пред мечот ја дозна лошата вест дека нивниот најдобар играч Треј Јанг нема да игра поради повреда на стапалото кој ја доби во финишот на третиот натпревае, но на крајот од дуелот нивните ривали Милвоки Бакс имаат многу повќе прочина за загриженост, будејќи освен мечот тие го загубија и својот најдобар играч Јанис Адетокумбо во продолжувањето на серијата поради повреда на коленото.
Адетокунбо има „хиперекстензија“ на леговото колено откако кон средината на третата четвритна во скок се судри со центарот на Атланта, Клинт Капела, и веќе не се врати на паркетот. Во моментот на повредата на Адетокунб, кој дотогаш постигна 14 поени, резултатот беше 62:52 за Хоукс, кои потоа со серијата од 15:2 побегнаа на 77:54, со што дуелот практично беше решен.
„Ќе видиме во каква состојба ќе биде Јанис утре. Ќе ја прифатиме секоја вест, бидејќи имаме одличен состав“, кусо одговори по дуелот стратегот на Бакс, Мајкл Баденхолцер.
Место во почетната петорка на Аталанта поради повредата на Јанг доби ветеранот Лоу Вилијамс и ги предводеше стрелците кај победниците со 21 кош, а имаше и 8 асистенции и 5 скокови. Богдан Богдановиќ додаде 20 поени со Хоукс, додеја Капела и Кевин Хуртер постигнаа по 15 коап.
Кај Бакс стрелците ги предводеше Џру Холидеј со 19 погодоци и 9 асистенции, Крис Мидлтон додаде 16 коша, што е помалку отколку тој постигна само во четвртината четвртина на третиот меч – тогаш вп последните 12 минути постигна 20 од своите 38 коша.
Инаку, Атланта одлично го започна дуелот и поведе со 15:5, Милвоки во завршницата од првата четвртина успеа двапати да израмни, но нитуе еднаш во текот на целиот дуел не поведе, Во втората четвртна домашните создадоа 13 поени предност, па на одмор се замина со резултат 51:38, а по повредата на Адетокумбо, прашањето на победникот беше решено.
Петтиот дуел на двете екипи ќе се игра ноќта кон петокот.