Тимот на Атланта во чии редови настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ продолжуваат да играат во променлива форма и ноќеска претрпеа нов пораз во НБА лига. “Јастребите” овој пат се поразени на гостувањето кај Чикаго со 91:84.
Атланта по 34 одиграни натпревари е на третата позиција во Источната конференција со скор 18:16. Антиќ на овој натпревар одигра 22 минути, постигна 9 поени (три тројки), 7 скока и 1 асистенција. Пол Милсап и Џеф Тиг беа најефикасни со 16 постигнати поени.
Водечкиот тандем од истокот Индијана и Мајами остварија победи, а триумфираа и Оклахома Сити и Сан Антонио, додека единствено Портланд е поразен од водечката тројка во Западната конференција.
Резултати: Индијана – Њу Орлеанс 99:82, Орландо – Мајами 94:110, Бруклин – Кливленд 89:82, Чикаго – Атланта 91:84, Минесота – Оклахома Сити 111:115, Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:92, Феникс – Милвоки 116:100, Портланд – Филаделфија 99:101 и Сакраменто – Шарлот 103:113.
Вечерва се играат седум натпревари: Детроит – Мемфис, Кливленд – Индијана, Мајами – Торонто, Вашингтон – Голден Стејт, Оклахома Сити – Бостон, Далас – Њујорк и ЛА Лејкерс – Денвер.
Пласман Источна конференција: Индијана 26-6 (победи-порази), Мајами 25-8, Атланта 18-16, Торонто 16-15, Вашингтон 14-16, Чикаго 14-18, Шарлот 15-20, Детроит 14-19,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 26-7, Сан Антонио 26-8, Портланд 26-8, ЛА Клиперс 23-13, Хјустон 22-13, Голден Стејт 22-13, Феникс 20-12, Далас 19-14,…