Фудбалерите на Атлетик во Билбао во четвртокот вечерта ја победија Барселона со 3:2 во продолжението, и го пополнија последното место во четвртфинлеот на шпанскиот Куп на кралот.
Натпреварот започна со одлични погодоци на двете страни. Уште во втората минута одлично целепе во спротивниот агол Икер Миниаин за водство на домашните, но во 20 минута на многу сличен начин возврати Феран Торес, новото големо засилување на Барселона.
Потоа мрежите мируваат сѐ до 86 минута кога се чинеше дека Атлетик обезбеди пласман. Тогаш по прекин и мешаница пред голот на гостите најдобро се снајде Иниго Мартинез. Но Барселона успеа да се избори за продолженија, кога во третата минута од судиското продолжение на регуларниот дел од мечот на асистенција на Дани Алвеш поентираше Педри.
Во продолженијата Атлетик поведе и по третпат, а овојпат Барса не одговори. Миниаин на самиот крај од провото продолжение реализираше пенал, откако со рака во својот шеснаесетник играша Жорди Алба.
Претходно во четвртокот четврфинале избори и мадридски Реал со гостинската победа кај Елче од 2:1 по 120 минути игра, а сите голови беа постигнати во продолженијата. Реал пласманот го избори со играч помалку, исклучен беше Марсело.
Прво Гонзало Верду, со помош на Дани Себаљос погоди за водство на Елче, но потоа Иско и Азар направија престврт. Драмата тука не заврши, бидејќи Елче во 120 минута постигна гол за 2:2, но погодокот беше поништен поради прекршок во напад.
Претходно пласман во четвртфиналето на популарниот Копа дел реи изборија Мајорка, Рајо Ваљекано, Кадиз, Валенсија, Бети и Реал Сосиедад.