Фудбалерите на Атлетик Билбао се пласираа во полуфиналето на Купот на шпанскиот крал, откако во четвртфиналето по продолженијата ја совладаа Барселона со 4:2.
Херои на натпреварот беа браќата Инаки (29) и Нико (21) Вилијамс, кои со два погодока во продолжението ја совладаа Барса.
Инаки Вилијамс во средата се врати од Брегот на слоновата коска, каде играше со Гана на Африканскиот куп на нации и практично од аеродромот пристигна на „Сан Мамес“. Тренерот на Атлетик, Ернесто Валверде не го уфрли веднаш во „огнот“, само по еден час игра, а одличниот 29-годишен напаѓач возврати со погодокот за водството од 3:2 во последните моменти од првиот прекувремено. Конечните 4:2 ги постави неговиот помлад брат Нико во 120. минута.
Баскискиот тим поведе уште во првата минута преку Горка Гурузета, но Барса го сврте резултатот со головите на Роберт Левандовски во 26. и Ламине Јамал во 32. минита. Охиан Сансет израмни во 49. минута.
Во претходниот натпревар Мајорка пред своите гледачи ја победи Жирона со 3:2.