Атлетик победи со гол во 41 секунда

Фудбалерите на Атлетик Билбао пред своите навивачи го совладаа со 1:0 Еибар во последниот саботен дуел од 25-то коло на шпанското првенство.

Единствениот погодок на мечот го постигна Раул Гарсија во 41 секунда од играта. Овој гол му донесе победа на Атлетик кој, откако во првиот дел од сезоната беше закотвен во опасната зона, сега направи подем до осмото место на табелата со 33 бодови. Еибар, пак, падна на 11-то место со 31 бод.

Претходно во саботата Барселона ја совлада на гости Севилја со 4:2, а Хетафе со 2:1 беше подобар од Рајо Ваљекано. Во петокот Епсањол и Хуеска одиграа 1:1.

Во недела на распоред се мечевите Леганес- Валенсија, Атлетико Мадрид – Вилјареал, Вајадолод – Бетис и Левранте – Реал Мадрид, а во понеделник колото го заокружуваат Жирона и Реал Сосиедад.