Фудбалерите на Атлетик Билбао изборнија пласман во финалето на шпанскиот Суперкуп откако во полуфиналниот дуел игран во четвртокот во Малага со 2:1 го победија бранителот на титулата Реал Мадрид.
Творец на победата на Баските беше двојниот стрелц Раул Гарсија, кој првиот погодок го постигна во 17 минута а во 37 минута реализираше пенал. Карим Бензема во 73 минута намали на 1:2, а истиот играч постугна погодок и во 83 минута, но судијата Хуан Мартинез го поништи поради офсајд. ВАР-от се огласи и во последните моменти од мечот, по што се проверуваше дали има пенал за Реал, но по пргледување на снимката арбитарот покажа дека немало прекршок.
Ова беше првата победа на баскиската екипа над „Кралскиот клуб“ во последните 12 натпревари. Поиследен пат Атлетик славел против Реал во мар 2015 година во шпанското првенсво со 1:0.
Атлетик во финалето кое е закажано за 17-ти јануари во Севилја ќе игра против Барселона која во средата во Кордоба по подоброто изведување на пеналите се 3:2 го совлада вториот баскиски претставник во полуфиналето Реал Сосиедад, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник 1:1.
Атлетик во недела ќе игра за својот прв трофеј по 2015 година, кога го освоија токму Суперкупот победувајќи ја токму Барселона.