Атлетико ја прекина низата без победа

Фудбалерите на мадридски Атлетико со 1:0 ја совладаа Гранада на домашен терен во рамките на 23-то коло од шпанското првенство, прекинувајќи ја низата од пет натпревари без победа.

Единствениот погодок го постигна Анхел Кореа уште во 6 минута, што ми беше доволно на Атлетико да дојде до 39 бодови и на петтото место на табелата, колку што има и шестата Валенсија. Гранда, пак, е десетта со 30 бодови.

Претходно во саботата во дуректниот дуел меѓу двата тима кои се порат за позиции кои водат во Лигата на шампионите следната сеозна, Хетафе на свој терен ја совлада Валенсија со висолуи 3:0. Двеон стрелец за домашните беше ветеранот Хорхе Молина, во 58 и 67 минута, а конечниот резултат го постигна во 87 минута Хаиме Мата.

Третиот Хетафе сега има 42 бода, три повеќе од четвртата Севилја која има меч помалку, а Валенсија остана шеста со 37 бодови.

Леванте со 2:0 го совлада Леганес, а стрелци беа Рочина во 20 и Марти во 28 минута. Леванте е 11-ти со 29 бодови, а Леганес е 18-ти со 18 бодови, место кое води во понизок ранг.

Вајадолид и Вилјареал играа 1:1. Домашните поведоа во 15 минута преку Алкараз, а израмни Морено во 54 минута. Вајадолид е 15-ти, засега безбеден со 26 бодови, а Вилјареал е седми на табелата со 35 бодови.

Во петокот Алавес со 2:1 го победи Еибар. Алавес е 14-ти со 27 бодови, а Еибар е 16-ти со 24 бодови.

Во недела се играат мечевите Еспањол – Мајорка, Реал Сосиедад – Атлетик Билбао, Осасуна – Реал Мадрид, Селта – Севилја и Реал Бетис – Барселона.