Атлетико до гостинска победа кај Реал Сосиедад

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја одржа разликата од седум бодови зад водечката Барселона откако во неделата во 26-то коло од шпанското првенство на гости го совладаа Реал Сосиедад со 2:0 (2:0).

„Јорганџиите“ со двата брзи гола на Алваро Мората во 30 и 33 минута уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот. Атлетико сега има 53 бодови, пет повеќе од третопласираниот градски ривал Реал кој во саботата на својот „Сантијаго Бернабеу“ беше поразен од Барселона со 0:1, која дојде до 60 бодови.

Реал Сосиедад, пак остана на 8-то место со 35 бодови, еден помалку од Бетис и два од Севилја, кои ги држат седмото односно шестото место кои водат во Европската лига.

Еибар со голот на Енрих во 87 минута дома ја победи Селта Виго, со што дојде до 34 бодови со кои е на 9-то место. Селта е 17-та со 25 бодови, два повеќе од местата кои водат во Сегунда.

Бетис на домашен терен беше поразен од Хетафе со 1:2. Гостите водеа со головите на Кабрера во 20 и Мата во 44 минута, а Жоакин намали во 75 минута. Со овој пораз Бетис го доведува во прашање својот пласман во европските натпреварувања следната сезона, зашто сега е седми со 36 бодови, и не успеа да ја мине Севилја која е место погоре со бод повеќе. Хетафе, пак, ја потврдрува одличната сезона и високиот пласман на четвртата позиција со 42 бода, која ќе го одведе до историскиот пласман во Лигата на шампионите.