Атлетико го доби Реал во мадридското дерби

Во дербито на шпанската престолнина во рамките на 35-то коло од националното првенство, Атлетико на својот стадион со 1:0 го совлада новиот шампион Реал.

Покрај победата над големиот ривал, Атлетико со овие три бода дојде до многу веројатно обезбедување на Лигата на шампионите следнаа сезона. Математички ситуацијата не е завршена докрај, но Атлетико сега е четврти со шест бодови предност пред петтиот Реал Бетис на три кола пред крајот на првенството.

Играчите на Атлетико одбија да направат шпалир во чест на новиот првак, но го почестија Реал со голот на Јаник Караско во 40 минута од пенал, кој и го реши натпреварот.

Претходно во неделата сите три натпревари завршија без победник. А бодовите ги поделија Еспањол и Осасуна кои одиграа 1:1. Гостите поведоа во 42 минута а стрелец беше Кике Барха. Еспањол до бодот дојде со голот на Нико Маламед во 67 минута.

По ова коло Осасуна остана деветта со 46 бодови, а Еспањол е 13-ти со 40 бодови.

Претодно со идентичен резултат 1:1 одиграа и Вилјареал и Севилја. Тврдиот натпревар беше решен во финишот, а иако преморен од полуфиналето во Лигата на шампионите, Вилјареал поведе со голот на Аргентинецот Џовани Ло Селсо во 86 минута. И водеше сѐ до петтата минтуа од судиското продолжение кога по изведениот корнер во мешаницата пред домашниот гол најдобро се снајде Жил Коинде и ја избутка топката во мрежата за израмнување.

Севилја остана на третото место со 65 бодови и дефинитивно сѐ уште го нема осигурано пласманот во Лигата на шампионите, со едно од првите четири места на табелата. Сепак, има седум бодови повечќе од градскиот ривал Реал Бетис на петтото место. Вилјареал остана седми на табелата со 53 бодови, три помалку од шестиот Реал Сосиедад кој го држи местото за Конференциската лига.

Столе Димитриевски остана несовладан и му овозможи бод на својот Рајо Ваљекано на гостувањето кај Хетафе (0:0). Рајо е безбеден на 12-то место со 42 бодови, а Хетафе е 15-ти со 37 бодови и теоретски му е загрозен опстанокот, зашто 18-та Мајорка на три кола до крајот има пет бодови помалку.