![atletiko vilja real](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/atletiko-vilja-real.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Раководството на шпанската Ла Лига планира натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Виљареал да се игра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, Флорида.
Средбата е закажана за 8 декември и треба да биде првиот официјален натпревар што ќе се игра надвор од територијата на Шпанија.
Според „Ел Конфиденсиал“, двата клуба и лигата веќе се согласиле за спроведувањето на мечот на американско тло и чекаат конечно одобрување од Шпанската фудбалска федерација.
Минатата година Лигата се разбра со Жирона и Барселона да играат во САД, но фудбалската асоцијација наметна забрана и средбата се одигра на шпанско тло.