Атлетико се намачи со Кадиз

Атлетикот Мадрид како домаќин со тешкотии го совлада Кадиз со 2:1 во првиот меч од 28-то коло на шпанското фудбалско првенство.

Мадриѓаните поведоа уште во 3 минута по грешката на гостинскиот голман Марио Ледесма, која ја искористи Португалецот Жоао Феликс, но Кадиз успеа да израмни во 45 минута со ударот на Алваро Негредо кој го измами Јан Облак.

Победата на Атлетико, сепак, му ја обезбедни Родриго де Паул во 68 минута откако гостинската одбрана го одби ударот на Анхел Кореа.

Со победата Атлетико дојде до 51 боди и моментално се врати на третата позиција од којашто ја истисна Барселона, која има три бода помалку но и два натпревара за доигрување. Кадиз остана во опасната зона на 18-то место со 24 бодови.