Словенецот се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал, во финишот на полувремето, кога со лоша интервенција му овозможи на Дос Сантос да го постигне вториот гол.
Облак оваа сезона во Примера остана несовладан на седум од 15-те натпревари, а според прогнозите тој поради повредата ќе ги пропушти осминафиналните натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.