Најдобрите македонски ракометни клубови Вардар и Металург имаат по еден свој претставник во идеалниот тим од седум ракометари што го одбра ЕХФ, по реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите. Павел Атман кој постигна девет гола против Колдинг го претставува Металург, додека Алекс Душебаев, стрелецот на решавашкиот погодок за Вардар во триумфот над Хамбург, е претставник на „црвено-црните“.
Идеален тим според ЕХФ:
Голман – Никлас Ландин (Рајн Некар Ловен)
Пикер – Роберт Гунарсон (ПСЖ)
Десно крило – Патрик Грецки (Рајн Некар Ловен)
Десен бек – Алекс Душебаев (Вардар)
Среден бек – Павел Атман (Металург)
Лев бек – Момир Илиќ (Веспрем)
Лево крило – Гудјон Валур Сигурдсон (Кил).