Рускиот тенисер Даниил Медведев обезбеди пласман во полуфиналето на АТП финалето во Торино откако во мечот од второто коло коло на Црвената група го совлада Германецот Александар Зверев со 7-6 (7), 6-4.
Откако во првото коло го совлада сонародникот Андреј Рубљев со 6-4, 6-2, Медведев во вториот меч беше подобар од Германецот со руско потекло Зверев, обезбедувајќи како прв во полуфиналето.
Рускиот тенисер направи брејк уште во првиот гем, но Зверев се врати и израмни на 3-3. Сетот потоа отиде во тринаесеттиот гем во кој Зверев водеше со 4-1, а потоа имаше и две сет-токи при 6-5 и 7-6. Сепак, Медведев и двата пати се спасуваше, а потоа го доби „тајбрејкот“ со 9-7.
Во вториот сет како клучен се покажа последниот гем – десеттиот, во кој рускиот тенисер направи брејк за 6-4 и 2-0 во сетови.
Во првиот натпревар од втрото коло од оваа група, Шпанецот Карлос Алкараз го совлада Русинот Андреј Рубљев со 7-5, 6-2. Вториот тенисер во светот славеше по час и 15 минути игра.
Во првиот сет тенисерите беа сигурни на своите сервис гемови до 110от кога Алкараз направи брејк и поведе со 6-5, а потоа го доби гемот на свој сервис и поведе во мечот. Во првиот и седмиот гем од вториот сет Алкараз му го одзеде сервисот на Рубљев и ја обезбеди победата по првата меч топка.
Во Зелената група по две кола сѐ уште не се познати полуфиналистите.
Италијанецот Јаник Синер, кој во вторникот во три сета го совлада светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, има две победи, Србинот и Данецот Холгер Руне по една, а наместо Гркот Стефанос Циципас кој го напушти турнирот поради повреда, последниот меч ќе го игра Полјакот Хуберт Хуркач.