Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на тенискиот турнир Мастерс 1000 во Синсинати против Шпанецот Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ во полуфиналето го победи Германецот Александар Зверев (7-6/7-5, 7-5), а претходно Алкараз го елиминираше Полјакот Хуберт Хуркач во три сета (2-6, 7-6/7/4), 6-3.
Дваесетгодишниот Шпанец по оваа победа сигурно ќе го држи првото место на АТП-листата барем уште една недела.
Ѓоковиќ, кој го освои турнирот Мастерс 1000 во 2018 и 2020 година, три пати играше со Алкараз.
Шпанецот ја доби првата средба во полуфиналето на Мадрид 2022 година, а победи во јули на Вимблдон, додека Ѓоковиќ оваа година славеше во полуфиналето на Ролан Гарос.