АТП за првпат на тенисерите ќе им гарантира минимална плата како дел од тригодишниот пробен период што ќе започне во 2024 година, објави управното тело на машкиот тенис.
Програмата „Baseline“ ќе обезбеди минимален приход на најдобрите 250 рангирани поединечни играчи секоја сезона, при што АТП ќе го покрие секој недостаток доколку нивната заработка падне под прагот, пренесе „Ројтерс“
За 2024 година, сумите се поставени на 300.000 долари за најдобрите 100 играчи, 150.000 долари за оние кои се рангирани од 101 до 175 и 75.000 долари за оние кои се рангирани помеѓу 176 и 250 во светот.