Атрактивната Милица Наранчиќ по втор пат влезе во Гинисовата книга на рекорди

Атрактивната Милица Наранчиќ за 60 секунди направи 64 склекови одбивање на дланките од земја со што го израмни рекордот во машка конкуренција, кој три години го држеше повеќекратниот Гинисов рекордер, маестралниот Грк Јоргос Коцимпос.

Просечната брзина на склек беше 0,94 стотинки.

„Го срушив сопствениот рекорд во Њујорк, во фитнес центарот Crunch, на 19. Февруари (на мојот роденден) 2024 година, а официјалната потврда од Лондон пристигна вчера. Стручниот штаб го сочинуваа: државниот функционер, адвокатот Расел Сиринционе, генералниот менаџер на фитнес центарот Crunch Луис Росалес и елитните тренери Ари Бауман и Нора Левин“, напиша Милица на социјалните мрежи, пренесува Pink.rs.