Аудиција за главните ликови на долгометражниот филм „Безимени“ во Скопје

Аудиција за главните ликови за првиот долгометражен игран филм на македонскиот режисер Вардан Тозија со работен наслов „Безимени“, ќе се одржи престојниот викенд во Скопје.

– Снимањето на филмот ќе се одвива во Скопје.  Главните ликови во филмот се млади машки лица на возраст помеѓу 16 и 20 години па за таа цел продукцијата организира и отворена аудиција за сите заинтересирени кандидати кои не мора да имаат претходно актерско искуство, велат од продукцијата.

Инаку, „Безимени“ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат бескомпромисна улична борба до последен здив.

Аудицијата ќе се оддржи на 31 јануари (сабота) и 1 февруари (недела) од 10:00-20:00 часот во џепното кино на Младинскиот културен центар.