АУДИО| Ботовите на СДСМ преку социјалните мрежи ги „задушуваат“ незадоволните од нивната власт

Владејачката СДСМ имала формирана „сектор“ кој ги следи реакции на корисниците на социјалните мрежи и преку партиските ботови се обидува да ги задуши сите негативни реакции на граѓаните на активностите на власта.

Вакво признание дава во аудио-снимка Митко Караиванов од Општинската оганизација во Босилово кој е и член на Централниот одбор на СДСМ, кој на своите сопартијци им објависнува како преку социјалните мрежи преку жесток притисок настојуваат да го задушат протестот на родителите и учениците за најавените наводни рефорни во образованието.

„Имаме сектор кој ги следи нивните коментари, ги следат и нашите коментари нон-стоп, на социјалните мрежи и аплициравме и на културен начин објаснуваме. Еве последниот пат, последната случка ни беше за новиот пакет на образование којшто го предлага министерката. Тука се соочивме со, како да ви кажам, се соочивме со проблем кој требаше… и го задушивме штрајкот што го организираа“, вели Караинванов.

Секако, оваа е само поледниот пример како СДСМ ги злоупотребува слободите на социјалните мрежи за да го задуши секое спротиставени мислење, критика или информација за дубиозите во кои се вклучени фунционерите на социјалдемократите.