
Бизнисменот Орце Камчев во неделата беше приведен под чудни околности во полициска станица поради наводна изборна измама, додека потоа обвинителството барало притвор поради наводно планирање за бегство.
Од она што досега е познато, за разликата меѓу околностите под кои е приведен Камчев и подоцна барањето на обвинителката Вилма Русковска по наводни сознанија добиени од Агенцијата за национална безбеднсот (АНБ) направени на една нецела страница, произлегува дека воопшто не станува збор конкретни сознанија за наводен обид за бегство на бизнисменот.
Една од можностите за ваквата операција проследена со синхорнизираните медиумски написи е да се „покријат“ неколкуте големи скандали и корупциски афери на актуелната власт кои се појавија само изминатата седмица. Како што се шверцот на пет тона тутун од лице блиско на еден од првите луѓе во СДСМ, аферата со софтверот на генералниот секретар Драги Рашковски за МВР кој бил платен, но никогаш не стасал во министерството кое ниту било информирано за тоа или, пак, за среќа по Буџетот неостварениот обид за набавка на кинеските вакцини преку фантомска хонконшка фирма.
Истовремено, веројатно станува збор и за личен анимозитет на Заев кон Камчев, на што укажа еден аудио запис објавен минатата година на социјалните мрежи, од кој произлегува јасна закана на премеирот кон бизнисменот.
Една од аудиоснимките објавени во мај минатата 2020 година најексплицитно укажува како Специјалното јавно обвинителство ги исполнинувало задачите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и во конкретниот случај истакнува закани за бизнисменот Орце Камчев.
Станува збор аудио-запис во кој Заев објаснува дека тогашното Специјално јавно обвинителство „СЈО ќе преземе драстични чекори“ и дека ќе „направи многу штета“, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола.
Натаму во истиот материјал, Заев се заканува дека на Орце Камчев „мамето мамино ќе му го е*ам“, на забелешката на соговорникот дека ќе биде „грешка“ доколку бизнисменот „биде чепкан“.