Борците на приватната воена компанија „Вагнер“ ги свртуваат своите конвои упатени на „маршот на правдата“ кон руската престолнина Москва и се повлекуваат во обратен правец, објави во саботата вечерта шефот на платеничката парвојска Евегниј Пригожин на својот Telegram канал.
Во едноминутната ауди-објава Пригожон вели дека единиците на „Вагнер“ кого сакале „да го расформираат“ на 23-ти јуни трнале на „марот на правдата“. Вели дека конвојот, за кој западните медиуми преку свои извори тврдат дека бил од 5.000 борци, за 24 часа дошле на 200 километри до Москва.
„За тоа време не пролеавме ниедна капка крв на нашите борци. Во овој час дојде моментот кога може да се пролие крвта. Поради тоа, сфаќајќи ја целата одговорност дека ќе биде пролеана руската крв од едната страна, ние ги свртуваме нашите конвои и заминуваме во обратна насока во нашите теренески кампиви, согласно плановите“, вели Пригожин во гласовната порака чијашто автентичност не е потврдена досега.
Малку претходно кабинетот на белорускиот претседател Александр Лукашенко објави дека Евегниј Пригожин се согласил на деескалација на ситуацијата и запирање на конвоите на неговите борци.
Белорусија истакна дека Лукашенко, по договор со рускиот претседател Владимир Путин разговарал и постигнал договор со Пригожин.
Во соопштението објавено на официјалниот Telegram каналот на белоруското претседателство, се наведува дека Пригожин се согласил да го запре натамошното движење на борците на „Вагнер“ во Русија и да бидат преземени натамочни мерки за деескалација. Се појаснува дека „на маса е погодна и прифатлива опција за решавање на ситуацијата, со безбедносни гаранции за борците на групата“.
Во брзиот развој на драматичните настани во саботата, малку претходно рускиот пратеник Павел Крашниников изјави дека на борците на „Вагнер“ им е ветена амнестија ако го положат оружјето, но оти тоа мора да го сторат брзо.
„„Борците на Вагнер сѐ уште можат да го положат оружјето и да ја избегнат казната имајќи ги предвид нивните постигнувања во текот на специјалната воена операција (во Украина)“, изјави пратеникот.
Извор близок до властите во делот на украинската доминатна руска област Доњецк, под контрола на Русија, претходно во саботата за Reuters изјавил дека конвојот на „Вагнер“, кој се приближувал до Москва по автопатот, се состоел од околу 5.000 војници предводени од високиот командант Дмитриј Уткин, чиј борбен прекар е всушност „Вагнер“.
Дмитриј Валериевич Уткин, 53-годишен е руски офицер на специјалните сили на военото разузнавање ГРУ, резервен потполковник, носител на четири Ордени за храброст. Според пишувањата на медиумите, тој се смета за основач на приватната воена компанија „Вагнер“, познат по борбениот прекар „Вагнер“, а претприемачот порано близок на Кремљ Евгениј Пригожин е главен финансиер и соосновач на
Поради поддршката за руската инвазија во текот на руско-украинската војна, Уткин е под лични меѓународни санкции.
Изворот, кој претходно за бритнската наовимнска агенција се покаќал сигурен, рекоч дека шефот на „Вагнер„ има вкупно помалку од 25.000 луѓе, од кои околу 5.000 се сместени во Ростов-на-Дон, јужниот град клучен за логистиката на руската инвазија на Украина, за кој Пригожин рече дека ја контролира.
Изворот вели дека планот на „Вагнер“ во Москва е да зазема позиции во густо населена област за да го оневозможи дејстувавањето на на руската Национална гарда.