Обновено дуо Маккартни-Ленон: Џејмс Маккартни и Шон Оно Ленон, синовите на славните „битлси“, заедно ја напишаа песната „Primrose Hill“, која беше објавена пред неколку дена и веднаш ги одушеви бројните фанови на нивните славни татковци.
Објавувањето на песната во петокот го најави Џејмс Маккартни, кој и ја пее: „Пристигна ‘Primrose Hill’! Многу сум возбуден што можам да ја споделам мојата нова песна, која ја напишав заедно со мојот драг пријател Шон Он Ленон“, објави на Instagram, заедно со селфи со синот на Џон Ленон.
„Објавувањето на оваа песна навистина дава чувство на зачувување на континуитетот“, додаде пејачот.
Песната е меланхолична балада со очигледно влијание од нивните татковци, а насловот се однесува на истоимената лондонска област. Нумерата не остана незабележана на социјалните мрежи, каде ја поздравија бројните обожаватели на култните The Beatles.
„Ако ги затворите очите, ги слушате истите гласови!“, како да пеат Џон Ленон (почина во 1980 година) и Пол Маккартни“, коментира еден на Instagram. „Никогаш не мислев дека ќе слушнам нова песна на Ленон и Маkкартни во 2024 година“, објави друг корисник.
Песната ја промовираше и 81-годипниот Пол Маккартни, честитајќи му на својот син на Facebook. „Мојот син Џејмс објави нова песна наречена „Primrose Hill“. Слушајте ја!“, додавајќи: „Многу љубов за Шон Оно Ленон, кој беше ко-автор на песната“.
Следејќи ги нивните татковци, 46-годишниот Џејмс Маккартни и 48-годишниот Шон Оно Ленон избраа музички кариери, но тие се далеку од глобалниот успех на „бубачките“. Џејмс работеше и на албумите на неговиот татко.