(АУДИО) Украински комичари телефонски го извозиле Заев

Украински комичари успешно го одглумиле претседателот на Украина Петро Порошенко и неколку пати комуницирале со премиерот Зоран Заев.

Нашиот премиер и поверувал дека од другата страна на телефонот е претседателот Порошенко, па убаво почнал да кажува што мисли за повеќе политички прашања.

Вакво возење немало одамна, чекаме утре премиерот Заев да се прозинесе по оваа снимка.

Еве еден дел од коресподенцијата, но најдобро е да ја преслушате снимката.

Вован и Лексус добро го насамариле Заев. Мислејќи дека разговара со претседателот на Украина, во разговорот ја напаѓа Русија и вели таа сакала да воспостави пракса за промена на граници, па ги цинкарел Русите кај Пенс, Помпео и Могерини.

Потоа го кажува целиот план за промена на името и го напаѓа Иванов, затоа што не прифаќал ништо. Борбата била на глобално ниво за да се знае кој ќе победел — Русија или САД и Германија.

Комичарите се мајтапат и велат дека претседателот на Украина сака да инвстира во бизнис за чоколади во Македонија, на што Заев одговара дека тоа е одлично и вели да му се јават приватно.

Го прашуваат какви се односите со Албанците, тој вели одлични, многу сме блиски, но доколку Украинците имаат советници нека му понудат за односите уште повеќе да се подобрат. Тие му нудат да им даде автономија на Албанците по примерот на кримските Татари, за да биле лојални. Се сложува и вели ќе чекам да дојде консултатнтот.

Потоа истакнува дека руските официјални лица ги напаѓале, па збори дека имал поддршка од Столтенберг, итн.

Тие му велат не било важно кој гласал, туку кој кој ги броел гласовите, а тој одговара да, да, да, да.

Дури го „возат“ дека Александар Македонски владеел со Шумерите во Украина и му велат дека тие се потомци. Еден од нив му вели дека може да го нарекува Петар Македонски, на што Заев се смее.

Му сугерираат Македонија да се нарече Источна Македонија…

На крај му велат дека Столтенберг се јавил истовремено. дали да го поврзат на линија, а нашиот премиер видно задоволен од укажната прилика вели – „хело мај френд“…

https://youtu.be/h4NMVZiaFv8

Оваа компилација ја сочинуваат три разговори меѓу Вова (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Стојаров) со Премиерот на Македонија (Северна Македонија) Зоран Заев, во име на наводно претседателот на Украина, Петро Порошенко. Датуми кога се водени разговорите: крајот на август 2018, јануари 2019 и 20 април 2019 година. До објавувањето, (т.е. речиси една година!), Зоран Заев е сигурен дека комуницира со претседателот на Украина. Премиерот Заев разговара со наводно Порошенко како стојат работите во земјата, за ситуацијата во Косово, за Зеленски, и вели дека е подготвена да даде 100.000 евра на патријархот Вартоломеј за автокефалност, напишано е во описот за снимениот материјал на каналот ЈуТјуб.