Една од аудиоснимките објавени во саботата најексплицитно укажува како Специјалното јавно обвинителство ги исполнинувало задачите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и во конкретниот случај истакнува закани за бизнисменот Орце Камчев.
Станува збор за четвртиот денеска објавен аудио-запис, во кој Заев објаснува дека „СЈО ќе преземе драстични чекори“ и дека ќе „направи многу штета“, притоа јасно ставајќи до знаење дека оваа институција е под негова целосна контрола.
Натаму во истиот материјал, Заев се заканува дека на Орце Камчев ќе „мамето мамино ќе му го е*ам“, на забелешката на соговорникот дека ќе биде „грешка“ доколку бизнисменот „биде чепкан“.