
Во првиот натпревар од 25-то коло на германската Бундеслига во петокот вечерта фудбалерите на Аугсбург со 3:1 го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах.
Головите во важната победа за Аугсбург ги постигнаа Рубен Варгас во 52, Марко Рихтер во 76 и Андре Хан во 89 минуа, додека Борусија Менхенгладбах само привремено израмни преку Флоријан Неухаус во 68 минута.
Ова беше шестиот пораз во низа на Борусија Менхегладбах во сите натпреварувања, и моментално е на 10-то место на табелата со 33 бодови. Аугсбург, пак, ја впиша втората победа во последните седум кола и моментално е на 13-то место со 29 бодови, десет повеќе од зоната на испаѓање.
На табелата во водство е минхенски Баерн со 55 бодови, два повеќе од РБ Лајпциг, додека третопласираниот Волфсбург има 45 бодови.