Aукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…

Управата за јавни приходи на 26 јануари (петок) ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.

 

На таа аукција ќе се продаваат деловни простории за 150.000 евра во Штип, земјоделско земјиште за 8.000 евра во Чучер Сандево, како и голем број на возила кои се во возна состојба. Во скопје ќе се продаваат Фиат Панда (3500 евра) и Фиат Дукато од 2010-та година (8500 евра), Форд Мондео од 2003-та година (1700 евра), Форд Транзит (1.000 евра), Опел Астра од 2000-та година (2.000 евра) Пежо (2.800 евра) мерцедес од 1999-та по почетна цена од од 1.800 евра, како и други возила сопственост на УЈП.

Покрај овие возила во Битола на аукција ќе биде ставено и Југо од 1990 – та година со почетна цена од 3.000 денари како и Форд со почетна цена од 6.000 денари.

На првата аукција во новата година организирана од страна на Управата за јавни приходи, покрај возила, ќе бидат продавани и компјутери, печатачи, лаптопи, телевизори, гарнитури за седење, градежни материјали и машини додека за женскиот пол интересни ќе бидат апаратурите за целулит, солариумот, апаратури за обликување на тело како и спа столици кои ќе бидат изложени на аукција.

За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари посетете го веб порталот . Преку веб порталот e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да разгледувате онлајн, како и да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни работи), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk, информираат во УЈП.