Почитувани, се наоѓаме пред еден предизвик кој мораме сите заедно да го надминеме, војна во која мораме сите сплотено да победиме, но и да си помагаме, кој – колку може.
Денес нашата мисија во ова кризно време кое ја зафати целата Македонија е да помогнеме на оние кои се најпогодени – социјално загрозените и многудетните семејства. Поделивме основни прехрамбени производи кои верувам дека ќе им помогнат, олеснат и со радост ќе го пречекаат големиот христијански празник Велигден.
Хуманоста е она што човека го прави човек, а ние сите сме луѓе и сите живееме под ова македонско небо и делиме иста судбина.
Затоа ве повикувам во духот на христијанството да помогнете, кој – колку има, да бидеме солидарни и заедно да го надминеме ова тешко време.
Исто така, да ги почитуваме мерките за заштита, да бидеме внимателни и да го зачуваме своето и здравјето на нашите семејства и пријатели.
Чувајте се, ќе биде подобро, порачува лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.