
Австралискиот тенисер, Џон Милман приреди сензација откако во осминафиналето на УС Опен го победи Швајцарецот Роџер Федерер со 3:1 во сетови, по над три и пол часа игра во натпревар кој заврши по полноќ по њујоршко време.
Федерер одлично го отвори мечот и го доби првиот сет со 3:6, но потоа падна во играта и не успеа да му се спротистави на Милман, кој ги доби трите сета со 7:5,7:6 и 7:6. Швајцарецот прв направи брејк и во вториот сет, водеше и 5:3, но Милман зеде четири гема по ред и го доби сетот.
Вториот светски играч имаше брејк топка во првиот гем, но не успеа да ја искористи, па двајцата тенисери ги добија сервисите до крај. Федерер добро тргна во тај-брекот, имаше 3:1, но потоа изгуби три поени. Швајцарецот не искористи сет топка на 6:5, но Милман го доби тај-брејкот со 9:7.
Федерер пак прв направи брејк во четвртиот сет и поведе со 4:2, но тоа не беше доволно да се врати во мечот, па Австралиецот повторно го доби тај-брекот.
Ова беше првиот пораз на Федерер во 41 натпревар на УС Опен против играч рангиран над 50 позиција. Австралиецот, кој е 55-ти тенисер во светот, во четвртфиналето ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ.
Федерер, кој вообичаено е мирен и сталожен, беше раздвижен во поголемиот дел од натпреварот, а се пожали на бучава во публиката и беше невообичаено гласен во текот на некои напнати моменти.
Беше многу жешко и една од тие ноќи каде што чувствував дека не можам да земам воздух. Се борев со условите на натпреварот и тоа беше еден од првите пати тоа да ми се случи. Цело време се потев и губев енергија. Во одреден момент бев среќен што натпреварот заврши, рече Федерер.
Швајцарецот пет пати по ред го осовуваше УС Опен од 2004 до 2008 година.