„Аватар 2“ надмина заработка од две милијарди долари

Филмот „Аватар 2: Патот на водата“ и покрај слабиот старт на кино-касите во Северна Америка минатиот месец, сега бележи успеси на континентот и веќе влезе во тесниот круг филмови кои во светот на ја надминаа заработката до две милијарди долари, според прелиминарните податоци на специјализираната компанија „Exhibitor Relations“ објавена во неделата.

Со 19,7 милиони долари приходи во текот на овој викенд, од петокот до неделата во САД и во Канада, во споредба со 31 милион долари, колку што ги заработи претходниот викенд, филмот на Џејмс Камерон доминира на листите на финансиски најуспешните филмови веќе шест седмици со ред.

Филмот досега во Северна Америка заработи речиси 598 милиони долари, а во остатокот од светот 1,43 милијарди долари, надминувајќи ја симболичната граница од две милијарди долари.

Во историјата на бележењето на заработките на филмовите такви приходи досега забележале само шест филмови, од кои три се остварувања на канадскиот режисер Џејмс Камерон – „Аватар“, „Аватар 2“ и „Титаник“.

Долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичниот блокбастер од 2009 година е сместено повеќе од деценија од дејствијата од првиот филм и се одвива под вода.

Истовремено, на петтиот викенд до прикажувањето во кината „Мачорот во чизми 2: Последната желба“ го зазема второто место со заработени 11,5 милиони долари. Во овој филм, мачорот кој првпат се појави во второто издание на „Шрек“ а подоцна и во две продолженија, тргува во епска авантура на враќање на своите поранешни животи, бидејќи ги потроши осумте и му остана само уште еден.

На третото место со заработените 9,8 милиони долари викендов е трилерот „M3GAN“, приказна за застрашувачка кукла, робот програмиран да биде најдобар пријател на дете и најголем сојузник на родителите.

Филмот „Missing“ на Ник Џонсон и Вил Мерик, е на четвртокот место со 9,3 милиони долари, пред „The Worst Neighbor in the World“ со Том Хенкс во главната улога, кој заработил 9 милиони долари.

На шестото место е „Mayday“ со 5,3 милиони, на седмото „House Party“ со 1,7 милиони, на осмото „Me When I’m Reincarnated as a Slime“ со 1,5 милиони, на деветтото „Black Panther: Wakanda Forever“ на 1,4 милиони и на десеттото место е „The Whale“ со 1,3 милиони долари.