Авганистан ги повикува европските земји да ја запрат репатријацијата

Авганистанската влада официјало побара од европските држави да го запрате депортирањето на авганистанските баратели на азил во текот на следните три месеца, започнувајќи од 8-ми април, соопшти во саботата авганистанското министерство за беглаци и репатријација.

Имајќи го предвид сѐ поголемото напредување на талибаните, како и значителниот раст на случаи на зарaзи со коронавирусот, депортирањето на авганистанските бегалци од европските земи е загрижувачко, депортацијата на авганистанските беглаци од европските земји загрижува, се наведува во соопштението на министерството.

Покрај тоа, Кабул вели дека е загрижен поради растот на внатрешно раселените луѓе и новио бран азиланти кои бегаат во странските земји.

Стравуваат и соседните на Авганистан поранешни советски републики во централна Азија, бидејќи поради талибанската офанзива многу Авганистанци и припадници на тамошните безбедносни сили ги преминуваат нивните граници. Стравуваат и од бранови бегалци или џихадистички закани, па дури и да предизвикување граѓанска војна во една од поранешните советски републики.

Во последниот период многу европски земји ги депортираат одбиените авганистанските азиланти назад во нивната земја разорена во речиси четиридецениските воени судири. На пример, редовно се спроведуваат групни репатријации од Германија во Кабул. Во средата 27 Авганистанци пристигнаа во Кабул откако се депортирани од Германија, што беше 40-ти депортациски лет од Германија во Авганистан од декември 2016 година. Берлин во Кабул вратил вкупно 1.104 азиланти.

На овие депортации се гледа како на многу контроверзни, имајќи предвид дека многу критичари сметаат дека Авганистан сѐ уште е премногу опасна земја за живот. Повлекувањето на меѓународните трупи под водство на САД кое започна на 1-ви мај ја стави иземјата во неизвесна ситуација.

Речиси секојдневните напади и порастот на воените офанзиви на талибанските милитанти резултираат со бројни цивилни жртви, а во оваа земја дејствува и ултрададикалната групација Исламска држава. И покрај мировните преговори, судирот меѓу талибаните и силите на авганистанската влада продолжуваат и ја влошуваат безбедносната ситуација.