Авганистан: Родителите ги дрогираат гладните деца за да спијат

Авганистанците на своите гладни деца им даваат лекови за да ги успијат, а некои ги продале своите ќерки или органи за да ја преживеат долгата зима, откако западните земји предводени од САД по две децении од земјата и овозможија враќање на власт на талибаните по што ја запреа помошта и му ги замрзнаа порите на Авганистан во странство.

„Нашите деца постојано плачат и не спијат. Немаме храна. Па одиме во аптека, купуваме апчиња и им ги даваме на нашите деца за да спијат“, рекол Анбдул Вахад во прилог на британската BBC.

Вахад живее недалеку од Херат, третиот по големина авганистански град, во населба од илјадници мали куќарки од кал којашто расте со децении, со многу луѓе коишто морале да ги напуштат своите домови поради војната и природните стихии. На прашањето колку од нив им даваат лекови на децата за да ги заспијат тој вели „Па, сите ние“.

Ѓулам Газрат извлекол од својот џеб неколку апчиња. Тоа бил лекот за смирување „алпразолам“ кој обично се препишува за лекување на анксиозно нарушување. Тој има шест деца, најмладото една година. „Дури и нему му го давам“, рекол.

Другите имале апчиња коишто се препишуваат за лекување на депресија и анксиозност. Лекарите велар дека таквите лекови, коишто се даваат на децата кои се потхранети, може да предизвикаат оштетувања на црниот дроб и цел спектар други проблеми, како што се хроничниот замор и нарушување на сонот и на однесувањето.

Повеќето семејства имаат само неколку кришки леб на ден, се додава во репортажата на BBC. Една жена рекла дека наутро јадат сув леб а навечер го макаат во вода за да биде влажен.

Обединетите нации предупредија дека во Авганистан се случува хуманитарна катастрофа. Но иако Авганистанците со децении тешко живеат, кога талибаните ланскиот август се вратија на власт, а западните земји кои ја напуштија државата инсистираат нивната влада во Кабул да не биде меѓународно призната, дополнително ја запреа помошта и ги замрзнаа девизните резерви на Авганистан во странство, што предизвика економски колапс на земјата и населението го остави без работа.

 

Родителите ги продаваат органите и ќерките

Амар, во дваесеттите години од животот, што не е неговото вистинско име но сакал да остане неименуван за BBC, рекол дека имал операција за отстранување на бубрегот пред три месеца и ја покажал лузната којашто му се протега преку стомакот од предниот до задниот дел на телото.

„Немаше излез. Слушнав дека можете да го продадете бубрегот во локалната болница. Заминав таму и реков дека го сакам тоа. Неколку седмици подоцна добив телефонски повик и ме замолија да дојдам во болницата“, рекол.

На Амар за тоа му биле платени 3.100 американски долари, од што повеќето отишле на отплатата на парите кои ги позајмил за да купи храна за своето семејство.

Натаму во прологот на BBC, во кој инаку не се наведува кои се купувачите на органите на Авганистанците и по која цена, се дава млада мајка која рекла дека го продала својот бубрег пред седум месеци зашто морала да го врати долгот, а таа за тоа добила уште помалку пари од Амар.

„Сега сме присилени да ја продадеме својата двогодишна ќерка. Луѓето од коишто ги позајмивме парите секојдневно нѐ малтретираат, велејќи ни ‘дајте ни ја вашата ќерка ако не можете да ни вратите’“, рекла жената.