Министерот за бегалци и репатријација на авганистанските талибани Хаџи Калил ур Рахман Хакани и уште шест лица загинаа во средата во експлозија во главниот град Кабул, изјави за новинарите неговиот внук.
Портпаролот на талибаните изјави дека Калил Хакани бил убиен од милитантната група Исламска држава, која досега не ја презеде одговорност за нападот.
Хакани стана министер во привремената талибанска влада која се врати на власт речиси без борби по хаотичното повлекување на западните сили предводени од САД по 20-годишната инвазија во земјата во август во 2021 година. Тој беше водач на мрежата Хакани, најсилната милитантна талибанска фракција обвинета за големи напади за време на 20-годишната војна, според Стејт департментот.
„Изгубивме многу храбар муџахедин и никогаш нема да го заборавиме него и неговата жртва“, изјави неговиот внук Анас Хакани за Reuters, користејќи го талибанскиот термин за нивните борци, што значи борец за верата.
Рекол дека експлозијата се случила додека Халил Хакани ја напуштал џамијата по попладневната молитва.
Министерот за надворешни работи на соседен Пакистан, Исхак Дар, рече дека е „шокиран“ од нападот. „Пакистан недвосмислено го осудува тероризмот во сите негови форми“, рече Дар.
Талибаните го презедоа Авганистан во 2021 година по повлекувањето на странските воени сили. Тие тогаш ветија дека ќе ја обноват и гарантираат безбедноста, но нападите продолжија насекаде, вклучително и во урбаните области.
Откако се вратија на власт од која беа соборени во 2001 година со инвазијата на САд и сојузницит, Вашингтон го стави името на Халил Хакани на листата на „глобални терористи“ и понуди награда од 5 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.