Авганистанците одбиваат физичко дистанцирање на верските собири

Авганистанските власти со големи напори настојуваат на ограничувањето на движењето и одржување поголеми собири со цел да се спречи заразата со коронавирусот во авганистанската покраина Херат на границата со Иран.

Во оваа покраина во којашто, поради приливот на повратнции од другите делови на Авганистан и од Иран мажите кои одбиваат да се придржуваат до правилата за физичкото дистанцирање, епидемијата се шири.

Херат, третиот по големина град во земјата, и истоимената покраина во источен Авганистан, известија за зголемен број случаи на зараза со коронавирусот. Земјата се соочува со недостиг од опрема за тестирање во моментот додека судирите меѓу владините сили и талибанските бунтовници не покажуваат знаци на попуштање.

Во покраината Херат има 390 потврдени случаи на Covid-19 а завележани се осум смртни случаи. Повеќето позитивни случаи на заразата се откриваат меѓу авганистанските повратници од Иран, според авганистанското министерство за здравство. Според властите во Кабул, од Иран кој последните денови јавува за намалување на епидемијата, во авганистански Херат секојдневно пристигнуваат и до 2.000 авганистански повраници.

Во неделата авганистанските власти пријавија 1.531 случај на зараза со короанвирусот и 50 смртни исходи, но меѓународните набљудувачи и медицинскиот персонал на теренот веруваат дека вистинскиот број на случаите на зараза би можел да биде многу поголем.

Во Херат има само 10 респиратори, а најмалку 10 лекари во поркаината веќе се заразени со коронавирусот.

Во покраината Херат е влошена и здравствената и безбедносната криза, бидејќи илајдници мажи и натаму ги игнорираат прописите и мерките за физичко дистанцирање па учествуваат големите верски собири на почетокот од светиот месец рамазан.

„Од луѓето бараме да ги почитуваат прописите, но тие едноставно не слушаат. Не им се покоруваат ниту проповедниците“, изјави Џаилани Грахад, портпарол на гувернерот на покраината Херат.

Автентичните фотографии и видеозаписи од собирите одржани минатата седмица споделени на социјалните мрежи, укажуваат на тоа со што се оочуваат властите во настојувањата да ги спречат ваквите масовни собири во организацијата на влијателните верски проповедници.

„Сѐ што бараме од луѓето е да го сватат вирусот сериозно…, во името на Бога, не станува збор за шега“, додал Фархад.

Авганистанскиот здравствен систем, кој е девастиран од деценистките воени судири, има итна потреба од речиси две милијарди американски долари за борба против актуелната пандемија и другите медицински проблеми, оценил за Reuters висок западен дипломат кој сакал да остане анонимен.