Авганистанките бараат да бидат наведени во документите на своите деца

Авганистанските жени би можеле да го добијат законското право имињата да им бидат наведени во матичните листови на раѓање и личните документи на нивните деца, изјави во средата една од малкуте претенички во авганистанскиот парламент.

Нахид Фарид, независна пратеничка која претседава со парламентарната комисија за женски прашања, изјави дека на колегите во парламентот им предложила амандман на законот за попис на населението кој ќе го изнесе парламентот по летната пауза.

Поборничките за женски права со години се бореал да бидат наведувани во службените документи, вклучително и во митичните листови на нивните деца, коишто како и авганистанските документи за лична идентификација го содржат само името на таткото. Меѓутоа, се соочуваа со спротиставени мислења во оваа ултраконзервативна и птаријархална муслиманска земја, каде што некои сметаат дека дури и е навредливо користењето на женското име.

Женското име често не се појавува ниту на поканите за венчавка, туку само името на таткото и на идниот сопруг, па дури не се појавува ниту на сопствените гробови.

Амандманите доаѓаат три години откако групата женски активистки ја покренаа кампата #кадеемоетоиме, барајќи укинување на табуата кои се поврзани со женските имиња.

Откако ултраконзервативното движење Талибан од 2001 година не се на власт, авганистанските жени добија право на образование, гасање и работа. Но, насилствата над жените во семејствата е раширено и често минува неказнето.