Авганитанскиот претседател Ашраф Гани во неделата објави прекин на огнот и борбените дејствија со талибанските бунтовници, кој стапува на сила од понеделник по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам
„Условниот прекин на огнот ќе започне утре и ќе трае се’ додека го почитуваат талибаните“, изјави авганистанскиот претседател Аштраф Гани по повод Денот на независноста.
Подоцна висок неименуван функционер од неговиот кабинет за новинарите рекол дека „условниот“ прекин на огнот ќе трае три месеца. Прекинот на огнот се однесува само на талибаните, а не и на другите милитантни групации, како што е Исламска држава, додал.
Талибански извори рекле дека нивните челници условно се согласиле да се вовде четиридневно примирје во текот на празнувањето на Курбан бајрам, но дека врховниот водач мулата Шеик Хајбатула Акиндзада треба да го даде конечното одобрување за тоа, пренесува Reuters.
Ова милитантно исламистичко движење соопшти дека ќе ослободи стотина заробеници по повод празникот, но не навлегува во поединости.
Од почетокот на август се водеа жестоки борби меѓу талибаните и авганистанските безбедносни сили за контрола над стратешки важниот град Газни, стотина километри од престолнината Кабул. Во петтдневните улични борби загинаа најмалку 150 војници и 95 цивили. Авганистанските сили успеаја минатата седмица со поддршка на американските единици да ги потиснат тешко вооружените бунтовници.
Нападот во Газни дојде откако талибаните неколку дена претходно ја преземаа контролата над базата „Шенајеха“, во округот Гормах во покраината Фарјаб по неколку дена интензивни судири. Тогаш висок авганистански безбедносен фунцкионер потврди дека талибаните дошле во посед на армиски тенкови, 14 борбени возила и значително количество муниција. Талибаните тврдат дека имаат контрола над половина од територијата на Авганистан.
Во судирите, самоубиствените бомбашки напади и подметнати експлозии во првите шест месеци од 2018 година загинале повеќе од 1.600 цивили, што е најмногу во последните десет години, според податоците на Обединетите нации.