
Талибанските бунтовници денеска истрелаа ракети врз американската база во близина на Кабул и ја нападнаа зградата на локалната Влада во главниот град на авганистанската провинзија Газни, со што ја почнаа својата пролетна офанзива, јави МИА.
Во ракетниот напад нема жртви.
– Една ракета падна во базата Баграм, но никој не е повреден, се наведува во соопштението на НАТО
Талибанците тврдат дека денеска покренале 108 напади ширум Авганистан и оти убиле голем број Американци во воздушната база Баграм во близина на Кабул.
Се очекува интензивирање на судирите откако НАТО силите ќе ја завршат својата 13-годишна борбена мисија во декември