Авганистанско девојче смртно застрелало двајца талибански борци и ранила уште неколки од припадниците на радикалното исламистичко движење, откако тие ги убиле нејзините родители, изјавил во вторникот за агенцијата AFP началникот на локалната полиција.
Инцидентот се случил во село во авганистанската провинција Гор. Талибаните влегле во домот на девојчето Камар Ѓул, која има околу 14 години, барајќи го нејзиниот татко поради неговата поддршка за официјалната влада во Кабул.
Талибаните го извадиле таткото и го убиле. Мајката на девојчето, која се обидувала да го заштити својот сопруг, исто така, била убиена од милитантите.
„Камар Ѓул, која се наоѓала во куќата, зела автоматска пушка АК-47 која припаѓала на нејзиното семејство и прво застрелала двајца талибански борци, а потоа ранила уште неколку милитанти“, изјавил началникот на локалната полициај, Хабибурахман Малекзада.
Портпаролот на провинцискиот гувернер изјавил дека во моментов авганистанските владини сили ги пренеле Ѓул и нејзиниот помлад брат на „побезбедно место“.