Индиец е уапсен на аеродромот во Софија откако авион на „Ер Франс” кој летал од Париз до Њу Делхи принудно слета во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.
Индиецот се обидел да влезе во пилотската кабина, но бил неутрализиран уште во авионот.
Мотивите за неговото однесување се уште не се познати.
Обвинителката на Софија, Илијана Кирилова изјави дека Индиецот уште на почеток од летот се однесувал агресивно, се расправал со другите патници во авионот и нападнал член на екипажот, поради што авионот принудно слета во Софија.
На Индиецот му е одреден 72-часовен притвор и е известена Амбасадата на Индија во Софија.
Ивајло Ангелов од Националната истражна служба на Бугарија рече дека не може ниту да ја потврди ниту категорично да отфрли дали случајот е поврзан со тероризам.