Авион од Дортмунд за Охрид итно слетал во Венеција поради влошена состојба на патник

Летот на Wizz Air W67778 полета од Дортмунд денеска наутро кон Охрид. Но, набрзо имало драматични сцени над облаците, пишува германски Wa.de.

Авионот мораше да биде пренасочен на пат кон Венеција поради итна медицинска помош на патник во авионот. Ова го соопшти портпаролот на аеродромот „Марко Поло“ во Венеција на прашање на 24RHEIN.

„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот морал итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош.

Дали патникот е маж или жена и повеќе детали за болеста се уште не се споменуваат. Моменталната здравствена состојба на посоченото лице, исто така, сè уште е нејасна, освен дека моментално е во болница, јавува портпаролот на аеродромот.

Авионот со број на летот W67778 „полетал според планираното“ во четвртокот наутро во 9:55 часот на аеродромот во Дортмунд, како што потврдила за 24RHEIN портпаролката на аеродромот Симоне Бедекер. Веб-страницата Flightradar24 покажа дека Ербасот бил пренасочен околу 11:30 часот во близина на хрватско-босанската граница и нагло се упатил кон Венеција, аво 13 часот и 15 минути „Визер“ успеа да го продолжи летот до планираната дестинација во Охрид.