Најмалку седум спортски падобранци загинаа, а повеќе од десет се повредени откако падна двомоторен авион L-410 во шумата во рускиот регион Кемерово на југозападот на Сибир, јавија руските медиуми.
Новинската агенција Тас се повика на извори од итните служби и јави дека во несреќата во близина на аеродромот „Танај“ повреденис е 17 луѓе.
Авионот паднал во блиската шума, а од локалното обвинителство истакнаа дека посадата пред несреќата пратила сигнал за помош за дефект на моторот.
Портпаролот на сибирскиот огранок на руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација за Ројтерс вели дека во тек е акција за трагање и спасување, но одбил да даде повеќе детали.