„Кошмар“ – вака патниците го опишуваат своето искуство од патувањето во Истанбул пред денови. Нивниот авион имал сериозен технички проблем и набрзо по полетувањето морал присилно да слета на аеродромот во Софија, јавува БТВ.
Инцидентот се случил во неделата вечерта, но деталите за него дури сега стануваат јасни. Летот доцнел два часа. Податоците од отворената платформа FlightRadar покажуваат дека по полетувањето авионот нагло изгубил брзина, направил круг околу Софија и се вратил на аеродромот.
Патниците рекоа дека нивниот екипаж ги известил дека има технички проблем и дека можеби е неопходно итно слетување.