Патнички авион кој летал од Дизелдорф кон египетскиот град Марса Алам, денеска насилно слетал во Дубровник откако еден од патниците починал од срцев удар.
Информациите за итно слетување на авионот за локалните медиуми ги потврди директорот на аеродромот во Дубровник Франо Луетич. Тој рече дека за патниците кои морале да се симнат на аеродромот во Дубровник, ќе пристигне друг авион, кој ќе ги однесе во Египет.