
Шестмина туристи од Велика Британија и еден од Шпанија загинаа откако мал авион кој полетал од Пунта Кана од Доминиканската Република, се урна на терен за голф.
Меѓу загинатите, се наоѓа и пилотот од Доминиканската Република, Хектор Соријано (37), соопшти Канцеларијата за цивилно воздухопловство, додека имињата на туристите не се објавени.
Иако досега не е утврдена причината за несреќата, сведоците велат дека пилотот се обидувал да слета на теренот за голф, што укажува на можен проблем со моторот на авионот.