![erbas avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/erbas-avion.jpg?resize=640%2C315&ssl=1)
Авион со 326 патници морал принудно да слета во Ирска поради тоа што на контролната табла во пилотската кабина се истурило жешко кафе, објавија светските медиуми.
Авионот Ербас А330-243 кој летал од Франкфурт за Канкун во Мексико морал принудно да слета во градот Шенон во Ирска, изјавиле од Одделението за истражување на авионски несреќи. 49- годишниот пилот одлучил да го приземји авионот поради тоа што истуреното кафе предизвикало мирис на запалено и дим, а едно од копчињата на контролната табла почнало да се топи, пренесе СНН.
Инцидентот се случил во февриуари годинава кога пилотот ја ставил својата шолја со кафе без капак на котролната табла наместо на држачот за кафе, е наведено во извештајот. Во инцидентот за среќа немало повредени.
По овој инцидент променети се прописите за да се осигураат капачиња за чаши на сите летови, а и екипажите редовно се потсетуваат на обврската за употреба на капаците.