Речиси сите авиони кои утрово требаа да полетаат или слетаат на скопскиот аеродром „Алексндар Велики“ беа пренасочени кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид поради намалената видливост на пистата во Петровец.
Според информациите од ТАВ Македонија објавени на нивната официјална интернет страна, утрово кон Охрид се пренасочени пет авиони кои доаѓаат од Виена и Љубљана. Летот од Истанбул од „Туркиш ерлајнс“ е откажан, а авионот на „Визер“ од Дортмунд наместо во Скопје ги приземји патниците на аеродромот во Софија.
Откажано е и слетувањето на авионот од Истанбул. Авионот на „Визер“ од Дортмунд е пренасочен кон Софија.
Две слетувања од Љубљана исто така наместо во Скопје ќе се реализираат на пистата во Охрид. Во моментов единствено авионите од Виена на „Аустриан Ерлајнс“ и „Луфханза“ се очекуваат да слетаат на пистата во Петровец во 11,55 кога се очекува мало зголемување на видливоста.