Авионско прскање против комарци во Охрид, Дојран и Чешиново – Облешево

За време на викендот ќе се изврши авионско прскање против комарци во Охридско – преспанскиот регион, Дојран и во општината Чешиново – Облешево.

– Со дезинсекцијата ќе биде опфатена вкупна површина од 4.400 хектари со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината, велат од Министерството за транспорт и врски.

Во Охрид и во Дојран ќе се прска во сабота на вкупна површина од 2.500 хектари, а во недела во Ресен и во општина Чешиново-Облешево на површина од 1900 хектари.