Изречена е прекршочна пријава за едно радио, а беше изгласа и одлуката за покренување постапка за одземање на лиценцата на ТВ Ирис од Штип, информира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) по денешната седница.
На седницата беше изгласа предлог-одлуката за финансиска помош за радиодифузерите, кои имаат добиено дозвола за работа во моментот на донесувањето на оваа одлука. Финансиската помош е намалена во 25 проценти, но доколку има ребаланс на Буџетот, оваа одлука ќе биде коригирана, информираше директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.
АВМУ едногласно изгласа и неколку одлуки за иницирање постапка за изрекување јавна опомена на неколку локални телевизии. Прекршочна пријава има и за националната телевизија Алсат, каде со контролен надзор е констатирано непочитување на одреден член од Законот.
– Повторно, во повеќе играни серијали и две емисии со емитување реклами на поделен екран, радиодифузерот покрива суштински дел од дејството, односно ликовите во актуелните серијали. Предлогот е да се поведе прекршочна постапка, но и анализа на материјалот – велат од АВМУ.
На седницата беше посочено и дека за оваа законска одредба не постои казна во Законот и оттаму не може да се поведе постапка.