АВМУ: Непрофесионален е односот на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров кон медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира во петокот на непрофесионалниот однос на генералниот секретар на градот Скопје, Зоран Глигоров, кој за време на прес-конференцијата претходно седмицава одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал „други обврски“.

„Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи“, се истакнува во реакцијата на АВМУ.