Многумина се сомневаат во среќниот брак на Меган Маркл и принцот Хари кои на прв поглед делуваат среќно,.
И обичните бракови знаат да западнат во криза, а камоли браковите на членовите на кралските семејства во кои се вперени многу погледи. Иако неодамна добија дете и речиси секогаш се насмеани, нивните обожаватели, но и странските медиуми, се плашат дека нивниот брак западнал во криза, а некои дури споменуваат и развод.
Овој пар се запознал „на слепо“ во 2016 година, а за помалку од две години се верија. Кралското семејство, а и јавноста во голема мера се сложила дека непромислено влетале во брак.
Причината која медиумите ја наведуваат е дека биле лудо заљубени, а од друга страна, многумина помислиле и дека имале притисок поради годините и дека всушност тоа е причината. Секако нивната одлука предизвикала голема драма во семејството.
Како главна причина за криза во бракот се наведува и фактот дека поради пребрзото влегување во истиот, Меган сè уште не е навикната на својата нова титула и на многубројните кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон, пишува „Cheatsheet“ и додава дека тоа на Маркл ѝ создава огромен притисок.
Напнатоста во бракот настанува и поради честите кавги помеѓу принцевите, кои добро се согласувале пред да се појави Меган.